Јунски хороскоп : Риби

Љубов

На самиот почеток на месецот вашата планета која владее со полето на љубовта прави конјукција со Сонцето, што ќе ви помогне вистински да ја согледате вредноста на вашиот партнер. Комуникацијата и односите ќе ви бидат поквалитетни. Не дозволувајте да дојде до несогласувања и  посветете повеќе време на партнерот, наместо на пријателите како и секогаш.

Ако не сте во врска, важно ќе биде да бидете приземни и рационално да ја изберете личноста со која сакате да бидете. Не ги правете грешките од минатото.

Пари и работа

Овој месец ви носи мали несогласувања поради нејасни договори и финансиски прашања, но средината на месецот ќе ви помогне лесно да го заборавите тоа.

Здравје

На почетокот на месецот, ќе треба да се погрижите за својот имунитет поради забрзаниот начин на живеење. Водете сметка за исхраната и не се прејадувајте, тоа не ви е потребно.