Љубов

Комуникацијата ќе биде усложнета и нема да се разбирате со партнерот, но за среќа, тоа трае само кратко. Потрудете се да ги избегнете конфликтите за да не направите огромна кавга од ништо. Соберете се, бидете присебни и смирено пристапувајте на секоја ситуација.

Работа и пари

На работа ќе постигнете успех, но тој нема да дојде лесно. Ќе биде потребно големо вложување од ваша страна, но и време и енергија. Финансиски, некогаш ќе бидете во добивка, некогаш во загуба. Организирајте ги трошоците со време.

Здравје

Обидете се да го контролирате крвниот притисок. Можни се проблеми со варењето и желудникот. Водете сметка за исхраната.