Јунски хороскоп : Лав

Љубов

Во врската ќе ви пречи што за ништо нема да успевате лесно да се договорите со партнерот. Се чини дека вашите цели се различни и често влегувате во конфлицт. Размислете добро за тоа што го сакате, за своите ставови, но и за тоа како ги браните. Не мора сите дискусии да бидат експлозивни.

Ако не сте во врска, овој период ќе ви донесе многу познанства и вашиот љубовен живот ќе добие сосема нова димензија.

Пари и работа

Пред вас е голема заработувачка, но работите се малку ризични и ве очекуваат големи вложувања. Ќе бидете под влијание на Месечината и потрудете се да бидете инутитивни, односно да не правите нешто за што не сте подготвени. Ќе имате одлична соработка со Шкорпиите и Водолиите.

Здравје

Ќе бидете под стрес поради начинот на живот. Потрудете се да земате витамини и често да пиете вода во текот на денот.