Јунаците од Стојаково ќе возат со Рено 4 до Мумбаи!

Македонците Ѓорѓи Николов и Ѓоко Шуклев се познати по тоа што со својот автомобил Рено 4 поминаа 4.500 км од селото Стојаково до Ница, а сега се подготвени на уште еден голем подвиг.

Николов е професионален камионџија, додека Шуклев е автомеханичар и е зависник од адреналин, па тие сега се подготвуваат да ја почнат нивната втора мисија од Стојаково до Мумбаи.

Планирани биле да се извозад над 19.000 км во двата правци и притоа ќе поминат низ седум држави, Грција, Турција, Грузија, Азербејџан, Иран, Пакистан, Индија, а потоа назад.