Јулската сметка за струја - нов шок за граѓаните?

Нов ценовен шок за граѓаните ќе следи кога ќе ја добијат јулската сметка за електрична енергија. Од почетокот на јули, киловатите се пресметуваат по нова, повисока за 12,3% цена. Граѓаните реагираат на новото поскапување пред се затоа што во летните месеци потрошувачката на струја е многу поголема, а поскапувањето ќе значи нов удар за семејниот буџет. 

„Не сме подготвени за ново поскапување, особено во пандемиски период кога многумина останаа и без своите работни места. Државата наместо да им помогне на семејствата, ги „товари“ со повисоки давачки. Особено не е во ред затоа што во овој период многу повеќе се троши струја. Во Скопје не се живее без клима, повеќе вклучуваме бојлер, машини за перење алишта...“ - вели револтирано жена од скопска Кисела Вода која живее со своето 4-члено смејство. 

Се очекува намаленото ДДВ за стујата да го ублажи растот на цената на струјата. 

Собранието денеска во рамки на продолжението на 45. седница треба да гласа по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за додадена вредност, по скратена постапка, со којшто се предвидува намалување на ДДВ-то за електрична енергија од 18 на 5 проценти.  

Законските измени се на предлог на Владата, а со нив се предвидуваше тие да почнат да се применуваат од 1 јули што не се случи. 

Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали како и досега.

Надлежните и натаму твдрад дека македонците плаќаат најниски сметки за струја во регионот.