Јубилејниот голем концерт на Нокаут кој требаше да се одржи во октомври во Скопје е презакажан за во ноември

Јубилејниот голем концерт на Нокаут кој требаше да се одржи во октомври во Скопје е презакажан за во ноември, а Пере фановите за оваа промена ги извести преку социјалните мрежи каде напиша:

“Ветивме голем јубилеен концерт, и ветувањето ќе го исполниме. Го најавивме за октомври, но сепак одлучивме да го одржиме на 23 ноември. Локацијата останува иста – СРЦ Кале. Ве чекаме заедно да ги прославиме двата јубилеја – 25 години Авалон и 20 години од првиот концерт на НОКАУТ во СРЦ Кале – со концертна промоција на нашиот нов албум”, стои во објавата на фронтменот на групата.

Инаку, Нокаут во моментов се актуелни со темата “Ти си таа” која ја снимија со Гуру Харе.