Јубилејна изложба на ликовни педагози во Кинотека на Македонија

Со дела на 35 ликовни творци денеска во Кинотека на Македонија ќе биде отворена 35-тата јубилејна традиционална годишна изложба на ликовни педагози од Република Македонија.

Поставката е во организација на Здружението на ликовни педагози и ќе биде отворена за посетители до 6 април.

Изложбата ги рефлектира личните творечки преокупации на ликовните уметници кои воедно се и педагози, а ќе ја промовира Владимир Ангелов, виш филмолог во Кинотеката на Македонија.

Покровител на настанот е Министерството за култура.