Јубилејна 20. Литературна манифестација „Илинден 2019“

Општина Илинден ја утврди програмата и термините за одржување на 20-то јубилејно издание на Литературната манифестација „Илинден 2019“.

Годинава, оваа престижна манифестација која што најде почесно место во календарот на македонските културни настани ќе се одржи од 14 до 18 мај 2019 година.

Свеченото отворање на манифестацијата ќе се случи на 14 мај (вторник) со почеток во 19:00 часот во домот на култура „Илинден“, а централната манифестација, поетскиот митинг „Стихови за душата“ е закажан за 17 мај (петок), со почеток во 19:00 часот.

Во насока на промовирање на современите културни достигнувања, во рамките на манифестацијата ќе се одржат повеќе културни настани, портрети и промоции на книги на реномирани писатели, како и млади автори, чествувања, изложба, литературно матине за деца со настап на писатели за деца и млади, поетски митинг со настап на голем број домашни и писатели од странство, како и музички колажи со познати музички ѕвезди.

Во рамките на Литературна манифестација „Илинден 2019“, во домот на култура „Илинден“ од 14 до 18 мај под мотото „Денови на книгата“ ќе се одржи саем на книгата, каде што љубителите на пишанот збор ќе можат да се запознаат со најновите изданија и да најдат богат избор на книги.