ЈСП задутре со празничен возен ред

Од ЈСП - Скопје информираат дека во четврток (8.09.2022 год), поради државниот празник 8 Септември - Ден на независноста, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

Дежурни, од 7 до 13.30 часот ќе бидат билетарниците:

Зелен пазар

Транспортен центар

Ѓорче Петров

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.