ЈСП со дополнителни автобуси за Задушница

ЈСП Скопје соопшти дека поради верскиот празник Духовден, денеска, сабота (03.06.2023 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Во недела (04.06.2023 год) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Денеска и утре на линиите 59 (Карпош3 - Кучевишка бара - Гробишта Бутел), 59А (Ново Лисиче - Гробишта Бутел) и 59Б (Кисела Вода - Гробишта Бутел) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Билетарниците и центрите за персонализација денеска ќе имаат редовно работно време.