ЈСП утре ќе вози по неделен возен ред, со исклучок на неколку линии

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре, среда (19.01.2022 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.