ЈСП сподели важни информации за своите патници во врска со продолжениот викенд - автобусите ќе возат по посебен возен ред!

ЈСП Скопје ги известува своите патници дека по повод празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, за време на трите дена од продолжениот викенд, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Од таму посочија дека денеска и во недела, дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, во периодот од 08:00 – 14:00 часот.

Во сабота билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со вообичаеното работно време (во две смени од 08:00 – 18:00 часот, и тие што работат во една смена од 08:00 – 13:00 часот).

Додаваат и дека Жичницата на Водно нема да биде во функција.