ЈСП со важна вест - од денеска еден автобус со изменета траса

Автобусот со број 28 на ЈСП од денеска ќе сообраќа по изменета траса од досегашната, поради затворање на комплексот „Македонско село“.

-Се менува почетната станица, место од Транспортен центар, автобусот ќе тргнува од  почетната станица на линија 4А (улица„Лондонска“). Крајна станица и понатаму ќе биде Горно Нерези („Македонско село“). На линијата ќе сообраќа и минибус, соопшти Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.