После месец дена откако беше вратена во употреба автобуската постојка на линијата 50 во Градскиот трговски центар, од вчера таа повторно е вон употреба, а како што информираат од ЈСП Скопје, се работи за извршување градежни кативности.

Автобусите со број 50 нема да застануваат во наредниве денови на станицата во ГТЦ затоа што се врши реконструкција на коловозот на оваа уличка.

Од ЈСП ќе известат кога ќе завршат работите и ќе се пушти автобуската.