ЈСП со изменет возен ред на три линии во недела

ЈСП информира дека во недела на 31 март, во период од 8 до 12 часот, поради одржување на Женска трка, автобусите на линиите 8, 15А и 18 ќе имаат изменет режим на сообраќање.

„Затворен за сообраќај ќе биде булевар „Илинден“, од крстосницата со булевар „Климент Охридски“ до крстосницата со булевар „8 Септември“ (кај МИ-ДА).Затворен за сообраќај ќе биде и булевар „8 Септември“, на потегот од вкрстувањето со булевар „Партизански одреди“ до вкрстувањето со булевар „Илинден“. Автобусите на посочените линии ќе ги користат околните сообраќајници“, се вели во соопштението на ЈСП.