ЈСП Скопје: За време на трите дена од продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

ЈСП Скопје информира дека за време на трите дена од продолжениот викенд (29.03.2025 година - 31.03.2025 година) , поради верскиот празник Рамазан Бајрам, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред.

 Работно време на билетарници и центри за персонализација

 -Во сабота (29.03.2025 година) ќе работат со вообичаеното работно време.

 - Во недела (30.03.2025 година) дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на: Транспортниот центар и зелениот пазар

- Во понеделник дежурни ќе бидат билетарниците и центрите за персонализација на: Транспортниот центар, Зелен пазар, Автокоманда (Дирекција на ЈСП Скопје) и Ѓорче Петров

 Жичницата во сабота и недела ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, а во понеделник на Рамазан Бајрам, вообичаено како и секој понеделник нема да работи.

 Жичницата од вторник ќе работи еден час повеќе, односно од 10 до 18 часот.

Согласно со Одлуката за возен ред во месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу кон врвот. Потсетуваме дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот, за Жичницата се неработни денови.