ЈСП Скопје апелира да се носат маски во автобусите

Поради растот во бројот на заразени со Ковид-19 во земјава, ЈСП Скопје излезе со апел до граѓаните да носат заштитни маски.

„Апелираме до сите граѓани, корисници на јавниот превоз да се придржуваат на препораките за заштита од Ковид - 19 при користење на превозот, односно во автобус да носат заштитна маска. Потсетуваме дека ЈСП Скопје нема ингеренции да забранува влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту имаме право да ги казнуваме.

Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје“, се наведува  во апелот на ЈСП Скопје.