ЈСП се уште нема налог за вонредна дезинфекција на возилата

До овој момент, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) нема добиено налог за вршење вонредна/дополнителна дезинфекција на возилата од јавниот превоз, како препорака за заштита од корона вирусот, информира Вечер.

Од претпријатието велат дека активностите за вонредна/дополнителна дезинфекција се вршат по налог издаден од Институт за јавно здравје.

Во таква ситуација, освен вообичаената дневна нега со дезинфекциони средства, се користи и „дезинтал“ 10%. Последен пат, вонредна/дополнителна дезинфекција е вршена пред околу 4 години, кога беше прогласена епидемија на грип – информираат од ЈСП.

Како што велат од ЈСП, внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекциско својство.