ЈСП: Од утре нема да важи бесплатниот јавен превоз за возрасни лица

ЈСП Скопје информира дека од утре, вторник (2.06.2020 год) нема да важи бесплатното користење на јавниот превоз за возрасни лица (жени со/над 62 год, мажи со/над 64 год) во вторник, петок, сабота и недела.

ЈСП апелира на рационално користење на превозот и на задолжително носење на заштитна опрема согласно уредбите за заштита од Ковид 19.