ЈСП: Од денеска се пренасочуваат неколку автобуски линии

Од денеска, четврток (22.08.2019 година) од 8.30 часот, до петок (23.08.2019 година) до 8.30 часот, поради асфалтирање на бул. „Крсте Мисирков“, целосно за сообраќај ќе биде затворена делницата во правец кон Бит пазар, од крстосницата со бул. „Гоце Делчев“ до клучка Детелинка.

Автобуските линии што сообраќаат на овој потег ќе бидат пренасочени кон Скопски саем и клучка Континентал и назад кон клучка Детелинка, информираат од ЈСП- Скопје.

Линиите 2, 16, 43 и 50 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Крсте Мисирков“, наместо да свртат лево, ќе продолжат право према Скопски саем и од постојката кај хотел „Континентал“ ќе продолжуваат по своите редовни траси.

Во обратен правец, посочените линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.

Линиите 8, 17, 19, 26, 57, 57А и 59 од крстосницата на бул. „Гоце Делчев“ со бул. „Крсте Мисирков“, наместо да свртат лево, ќе продолжуваат право према клучка Континентал, од каде ќе излегуваат на бул. „Александар Македонски“ и од клучка Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Во обратен правец, посочените линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.

Линиите 9, 20, 35, 47, 47А, 61, 71 и 81 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“, ќе вртат десно према Скопски саем, па према клучка Континентал, од каде ќе излезат на бул. „Александар Македонски“, а од клучка Детелинка ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Во обратен правец, посочените линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.

Линиите 45, 52, 53, 54, 55, 55В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68 од крстосницата на бул. „Крсте Мисирков“ со бул. „Гоце Делчев“, ќе вртат десно према Скопски саем  и од постојката кај хотел „Континентал“ ќе продолжуваат по своите вообичаени траси.

Во обратен правец, посочените линии ќе сообраќаат по вообичаените траси.