ЈСП објави како ќе возат автобусите за новогодишните празници

Возилата од јавниот превоз во Скопје во сабота (31.12.2022) ќе сообраќаат по саботен возен ред, а во недела (1.01.2023 год) по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред.

ЈСП Скопје објави дека билетарниците во сабота (31.12.2022 год), сите билетарници и центри за персонализација ќе работат до 17 часот, додека на 1 и 2 јануари, билетарниците и центрите за персонализација нема да работат.

Жичарницата во сабота и недела (31.12.2022 год и 1.01.2023 год) ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот, додека во понеделник (2.01.2023 год), нема да работи, бидејќи секој понеделник, како и секој последен вторник во месецот се врши редовен преглед на објектот.