ЈСП, нови директори, нова фризура... Скопјани кажаа по што ќе ја паметат Арсовска!

Скопјани со одговор на прашањето „По што ќе ја паметите Арсовска?“. 

Иако градоначалничката на метрополата Данела Арсовска има уште неколку месеци до крајот на својот мандат, веќе полека се прават генерални оценки за сработеното од нејзина страна. 

Таа останува на функцијата дури и да се изгласа отповик на градоначалник пред летото, информираше вчера министерот за локална самоуправа Златко Перински, иако многумина бараат нејзина итна смена. 

Ги прашавме жителите на главниот град по што ќе ја паметат Арсовска и нејзиниот мандар на чело на Скопје! 

Одговорите, не се баш позитивни, но има и такци кои се саркастични за нејзината функција! 

Еве што велат скопјани: 

- По се најлошо и како најлош градоначалник досега на Скопје, во целата историја. Недостапна за граѓани, за поплаки, за решенија, предлози ништо апсолутно. Арогантна до небо. Го запусти јавниот превоз до крај, градот се дави во депонии и пропаѓа, ништо не одржуваше, ништо не изгради, украсување лошо, им должи сеуште пари на пејачите од предминатата нова година и ред други лоши работи. Само знае да се кара со сите, да менува директори кога ќе и текне и да префрла одговорност на други, хаос направи. 

- По ѓубрето на секој чекор од Скопје. 

- Ќе ја паметиме по опструкциите што ги имаше од оние кои ја поставија 

- По злобата...

- По се најлошо. Го опустоши Скопје.

- По изгубеноста нејзина во свемирот. 

- По бесплатниот превоз, бидејќи го нема...

- По инаетот и неработењето, и невоспитана, дрска што врти грб на новинари и не одговара на прашања а дебело платена ...

- По менувањето 44 директори...Од модерно Скопје стана руиниран контејнер. 

- По изгледот и новата фризура...

- Едни ја гласаа, за други обработување...