
ЈСП Скопје и годинава обезбедува дополнителен јавен превоз за посетителите на 38. „Меѓународен саем на книгата“, кој ќе се одржува во Спортскиот центар „Борис Трајковски“.
- Од 23 до 29 април 2026 година во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени линиите „100“ и „200“, со цел полесен пристап до саемот. Линијата „100“ ќе сообраќа од Ново Лисиче, а линијата „200“ од Дексион, со редовни интервали и по цени согласно важечкиот тарифник. Како што информираат од ЈСП, линијата „100“ ќе поаѓа од Ново Лисиче во неколку термини во текот на денот и ќе сообраќа до СЦ „Борис Трајковски“ преку булевари и главни градски сообраќајници, додека линијата „200“ ќе сообраќа од Дексион по трасата преку Ѓорче Петров и булевар „Партизански одреди“ до истата дестинација, информираа од ЈСП.
Од СЦ „Борис Трајковски“ ќе се реализираат повратни возења во истите временски интервали, додаваат од ЈСП.
Билетите ќе чинат согласно со ценовникот за користење на јавен превоз.