
По повод верскиот празник Велигден, од утре (петок) до 13.04.2026 (понеделник) автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Во сабота (11.04.2026 г.) билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовно работно време. Билетарите кои работат во една смена ќе бидат достапни од 08:00 до 13:00 часот, додека билетарниците и центрите за персонализација кои работат во две смени ќе работат од 08:00 до 18:00 часот.
Во петок (10.04.2026 г.) и недела (12.04.2026 г.) дежурна ќе биде билетарницата на Транспортен центар, со работно време од 08:00 до 14:00 часот. Понеделник е неработен ден за сите билетарници и центри за персонализација.
Жичницата од петок до недела ќе работи со редовно работно време, од 10 до 18 часот, а во понеделник (13.04.2026 год.), вообичаено како и секој понеделник нема да работи.