ЈСП го објави возниот ред за Бадник и Божиќ

ЈСП Скопје објави дека на 6 и 7 јануари (Бадник и Божиќ) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, со исклучок на неколку приградски линии кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Исто така, на 6, 7 и 8 јануари дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 6.30 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и Ѓорче Петров.

Жичарницата за Бадник и Божиќ ќе работи од 10 до 17 часот.