ЈСП ги исчисти автобуските постојки, апелираа да не се фрла отпад

Вчера во Скопје се спроведе акција за чистење и одржување на автобуските постојки во Скопје, информираа од ЈСП Скопје.

Оттаму посочуваат дека автобуските постојки се дел од секојдневието на илјадници граѓани и дека нивното редовно чистење и одржување е важна обврска, но за тие да останат уредни потребна е и одговорност од самите корисници.

Од ЈСП апелираат до граѓаните да не фрлаат отпад на постојките и во нивната околина и да придонесат кон одржување на чиста и уредна јавна површина.

„Чистата постојка е заедничка одговорност. Со малку повеќе грижа од секој од нас, можеме да направиме голема разлика“, порачуваат од ЈСП Скопје.