ЈСП: Дополнителен број автобуси за Задушница

ЈСП информира дека во пресрет на верскиот празник Задушница, утре (21.2.2020 година), и в сабота (22.2.2020 година), на редовните линии 59 (Карпош 3 – Кучевишка Бара/гробишта „Бутел“), 59А (Ново Лисиче – гробишта „Бутел“) и 59Б (Кисела Вода – гробишта „Бутел“), ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.

Возниот ред може да се види на веб-страницата www.jsp.com.mk. Дополнителни информации може да се добијат во Диспечерскиот центар на 3173-224.r