
Јавното сообраќајно претпријатие-Скопје известува дека по повод верските празници Духовден и Курбан Бајрам, денеска, утре и задутре ќе работи по неделен возен ред.
В сабота, билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време. Денеска и в недела, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација во Транспортниот центар, со работно време од 8:00 до 14:00 часот.
Жичницата ќе функционира вообичаено во текот на викендот (сабота и недела), со работно време од 10:00 до 20:00 часот, при што од 19:00 до 19:30 е последното возење оддолу кон врвот, а во 19:45 часот е последното возење од врвот надолу.
Од ЈСП потсетуваат дека секој понеделник и секој последен вторник во месецот се неработни денови за жичницата.