Автобусите од јавниот превоз денеска поради државниот празник „Св. Климент Охридски“ ќе сообраќаат по неделен возен ред, соопштуваат од Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.
Жичницата ќе функционира вообичаено, со работно време од 10 до 18 часот, при што од 17 до 17:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 17:45 часот е последно возење од врвот надолу, се наведува во соопштението.
За време на државниот празник „Свети Климент Охридски“, денеска, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“, односно во зоните А, Б, Ц и Д, нема да се врши наплата.
– Редовна наплата ќе се врши во зона А0 – Водно, во катните гаражи „Беко“ и „26ти Јули“ и на јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница, Нова Македонија, АМСМ, Народен фронт и клинички центар Мајка Тереза, соопштуваат од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.
По повод празникот „Св. Климент Охридски“, денеска и паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар ќе бидат без наплата за сите граѓани.
- Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата ќе продолжи во вторник (10 декември) со вообичаено работно време. Од ова исклучок е паркиралиштето Дилајла кое е со автоматска наплата, соопштуваат од ПОЦ.