ЈСП денеска ќе сообраќа по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска среда (19.01.2022 год), поради верскиот празник Богојавление (Водици), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Дежурни ќе бидат билетарниците на Зелен пазар и Транспортен центар кои ќе работат од 7 до 19 часот, а од 7 до 13 часот отворена ќе биде билетарницата во Ѓорче Петров.

Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.