ЈСП денес сообраќа по неделен возен ред, од утре најавува две нови привремени линии

Од ЈСП-Скопје информираат дека поради државниот празник 23 Октомври, Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Истовремено, од ЈСП информираат дека од среда (24.10.2018 година) до недела (28.10.2018 година) во редовниот линиски превоз ќе бидат вклучени и две привремени линии што ќе сообраќаат до СЦ „Борис Трајковски“.

„Станува збор за линиите 100 и 200, првата ќе сообраќа од Ново Лисиче, а втората од Дексион. И двете линии се воведуваат по барање на ‘Скопски саем’, за полесен пристап на посетителите на саемите ‘Технома’, Меѓународниот саем за градежништво и Саемот за недвижности и инвестиции ‘Реалекспо’. Возениот ред на автобусот со број 100 е следниот, односно од Ново Лисиче автобусот ќе тргнува во 11 часот, 12:20 часот, 13:40 часот, 15:00 часот, 16:20 часот, 17:40 часот, додека од СЦ ‘Борис Трајковски’ ќе тргнува во 11:40 часот, 13 часот, 14:20 часот, 15:40 часот, 17 часот и 18:20 часот. Возениот ред на автобусот со број 200 (Дексион – СЦ ‘Борис Трајковски’), пак, е следнава, од Дексион автобус ќе има во 11:20 часот, 12:40 часот, 14 часот, 15:20 часот, 16:40 часот и 18 часот, додека од СЦ ‘Борис Трајковски’ автобусот со број 200 ќе тргнува во 12 часот, 13:20 часот, 14:40 часот, 16 часот, 17:20 часот, 18:40 часот“, стои во соопштението на ЈСП.

Оттаму исто така информираат и за трасата на движење на двете приверемени линии, или авобусот со број 100 ќе сообраќа по улица Февруарски поход, булевар В.С.Бато, булевар Јане Сандански, булевар К.Ј.Питу, булевар Кочо Рацин, улица 11 Октомври, улица Димитрие Чуповски, булевар Св. Климент Охридски, булевар Партизански одреди, улица Бледски договор, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса. Додека траса на движење на автобусот со број 200 ќе се одвива по улица Црногорска, улица Кузман Шапкарев, улица Ѓорче Петров, булевар Партизански одреди, улица Бледски договор, СЦ „Борис Трајковски“ и обратно по истата траса.