ЈП „Водовод и канализација“ постави апарат за наплата на сметки во ГТЦ

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје на почетокот постави апарат за наплата на сметки во ГТЦ на приземје, каде што корисниците имаат можност за преглед на фактурите и наплата на истите со користење на Мастер и Виза-картичките од сите банки.

Покрај можноста за електронски пристап до услугите преку www.vodovod-skopje.com.mk и мобилната апликација достапна за Android и iOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на сметките веќе се достапни и преку апаратите за наплата поставени на неколку локации низ градот – СУПЕР ТИНЕКС 1 – ГОДЕЛ, Дирекција на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Одделение за грижа на корисниците во ЈП Комунална Хигиена – Скопје и во ГТЦ на приземје.