ЈП „Водовод и канализација“ известува - две улици во Скопје денеска ќе бидат без вода

Поради поврзување од стара на нова линија ф-100 милимтери на крстосницата на улиците „Елисие Поповски Марко“ и „Антон Панов“, денеска без вода ќе бидат корисниците на овие две улици во скопската Општина Центар.

Како што информираат од ЈП „Водовод и каналиација“ – Скопје, предвидено е водоснабдувањето да биде во прекини од 09:15 часот, па до завршување активностите.