Екипите на ЈП Водовод и канализација - Скопје продолжуваат со санирањето на дефектот на бул. Теодосиј Гологанов. Фотографиите објавени на фејсбук страната на претпријатието покажуваат дека и во ноќни услови се работи на решавање на овој проблем.

„Се очекува дефектот да биде саниран за неколку часа.“ - се вели во објавата од претпријатието.