ЈП „Водовод и канализација“: Фонтаните уште не работат бидејќи имаше најави за невреме

Фонтаните на плоштадите Македонија, Филип Втори и Пресвета Богородица уште не се пуштени во употреба. Од ЈП „Водовод и канализацiја“, коe од лани е задолженo за одржување на фонтаните, велат дека тие уште не работат оти имало најави за невреме, дознава СДК

„Изминативе две недели имаше зголемена циклонска активност и најави за големо невреме со силен ветер на подрачјето на градот Скопје. Наши луѓе веќе две недели работат подземно на подготовка за пуштање на фонтаните. До крајот на неделава ќе бидат пуштени“, вели директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски.

Весковски најавува дека оваа сезона ќе бидат пуштени и прскалките од површинската фонтана на Плоштад Македонија. Тие лани не работеа оти немаше избрано фирма која ќе ги одржува.