
ЈП Водовод и канализација – Скопје ја информира јавноста и граѓаните на град Скопје дека акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата за задоцнето плаќање е во тек.
Акцијата за отплата на долговите на рати без камата е со определено времетраење, а рокот за искористување на оваа можност истекува на 05.06.2026 година.
„Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата. Одлуката за спроведување на акцијата за отплата на заостанатите долгови без пресметка на камата не важи за органите на државната и локалната власт и другите државни органи основани согласно Уставот и со закон и институциите кои вршат дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје“, посочија од ЈП Водовод и канализација.
Воедно нагласија дека по истекот на овој период одлуката престанува да важи.
За секоја дополнителна информација за услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, можат да бидат исконтактирани на:
02 3073 010, Дежурно Информативен Центар;
02 3240 300, Дирекција;