ЈП „Паркови и Зеленило“ потпиша меморандум за соработка со Дуа Улберин

Потврдувајќи ги заложбите за заедничките активности, вчера директорот на ЈП „Паркови и Зеленило“ – Скопје, Ардијан Муча, и Здружението за помош на деца со посебни потреби, ДУА УЛБЕРИН – Скопје, потпишаа Меморандум за соработка.

Целта на соработката е активно вклучување на децата со посебни потреби во секојдневниот живот и регулирање на начинот на соработка за заеднички активности од областа на хортикултурата, одржување на животната средина, изградба на паркови и игралишта за деца со посебни потреби, со обезбедување донации и од домашни и меѓународни донатори.