Од Град Скопје известуваат дека екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве исекоа 9 стари и суви тополи на булеварот „АСНОМ“ пред мостот Близнак според издадено решение од Секторот за комунални работи на Град Скопје.

Тополите беа со надмината физиолошка зрелост, навалени кон булеварот, со суви и кршливи гранки кои паѓаа на булеварот и поради тоа претставуваа опасност по безбедноста на граѓаните и околината, велат тие.

Во минатото на целиот потег од хотел Русија до мост Близнак се сечеа тополите поради надмината физиолошка зрелост. Овие 9 тополи беа последните предвидени за сечење од овој потег. Исто така, на овој потег во минатото беа формирани три дрвореди во кои се садат висококвалитетни садници.

Градот Скопје во рамките на есенската акција за садење што ќе почне наскоро на овој потег ќе засади нови 25 висококвалитетни листопадни садници.