ЈП „Паркови и зеленило“ денеска ќе отстрани неколку тополи во населбата Момин Поток

Заради безбедност на граѓаните и околните објекти, екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ денеска ќе отстранат неколку тополи во населбата Момин Поток на коритото на реката Серава.

Дрвјата се суви и со надмината физиолошка старост, а истите се навалени кон околните објекти и преставуваат опасност за околината.