В.Д. директорот на ЈП Паркинзи на Општина Центар, Вангел Андрески заедно со дел од советниците на Општина Центар и оваа година традиционално со црвени рози им го честитаа празникот на жените кои поминуваа покрај паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието и кои продолжуваа договор.

Повеќе од 500 дами заминаа со насмевки на лицата поради овој симболичен, но преубав гест.

– Денот на жената не треба се одбележува само денес, вниманието и односот кон жените на 8-ми март треба да се практикува секој ден во годината, но сепак овој ден е убав повод жените да добијат барем по една роза, како знак на почитување и внимание –  изјави В.Д. директорот на ЈП ПОЦ, Вангел Андрески.

ЈП Паркинзи на Општина Центар им го честита меѓународниот ден на жената на сите припаднички на понежниот пол.