ЈП Паркинзи на Општина Центар донираше финансиски средства за 11 дечиња кои ќе учествуваат на Светското првенство во едукативна роботика

Единаесет дечиња од Stem Academy, вљубеници во роботиката и во бескрајните можности на играта со лего-коцките, оваа година ќе учествуваат на Светското првенство во едукативна роботика „First Lego League“ во Либан, кое ќе се одржи од 14 до 16 јуни.

ЈП Паркинзи на Општина Центар донесе одлука да ги поддржи овие дечиња и да им помогне да го остварат својот сон. За таа цел, директорот на ЈП ПОЦ, Васко Кичевски и извршниот директор на Фондацијата за промовирање на иновативно учење, едукација и личен развој „СТЕМ АКАДЕМИЈА“, Жарко Поп-Илиев, потпишаа Договор за донација на финансиски средства во износ од 60.000 денари кои ќе ги покријат трошоците за котизација по дете.

Им посакуваме голем успех на светското првенство. Дечиња среќно!