ЈП „Лајка": Се вдомува Ото - чипиран и вакциниран

ОТО има околу 2 години и некогаш бил нечиј домашен миленик.

Улицата беше сурова за овој доберман но со хуманиот третман, негата и редовната исхрана тој прерасна во вистински убавец и е подготвен за своето ново семејство.

Бараме вдомувач кој има искуство со доминантни раси.

Има уредна крвна слика, негативен 4D тест, негативен тест на лишманија по акредитирана метода.

Го добивате со пасош, кастриран, прочистен од внатрешни и надворешни паразити, чипиран, вакциниран против беснило и заразни болести, избањат и со стекнати хигиенски навики.

Вдоми куче, вдоми љубов! За подетални информации и прашалник за вдомување можете да пишете на vdomi@lajka.com.mk