ЈП Лајка реагира: Лажна пријава за каснување од куче кое било згрижено кај нив

Од ЈП Лајка реагираат дека деновиве е пренесена вест за каснување од куче на 20 октомври, а посочено било куче кое било кај нив се до 23 октомври. 

„Во интерес на јавното и транспарентно работење сакаме да ја информираме јавноста за лажно пријавување за каснување со фотографија и лекарски извештај издаден на 20.10.2021. Посоченото куче за е првпат пријавено на 27.10.2021 во ЈП ЛАЈКА дека каснало и тоа откако неколку денови предходно беше објавено во еден електронски медиум. Демантираме дека сме одбиле да реагираме, од причина што до вчера никој немаше пријавено кај нас. Реагираме и посочуваме дека пријавеното куче не е возможно да каснало на 20.10.2021 затоа што до 23.10.2021 беше во нашето прифатилиште“, реагираат од претпријатието. 

Исто така, нагласуваат дека се зголемува бројот на лажни пријави за каснување од кучиња, особено во последниве две недели.