ЈП Лајка обезбедува бесплатна психолошка поддршка за децата кои имаат страв од куче

ЈП Лајка во соработка со МАПП (Македонска асоцијација за применета психологија-Скопје) ќе обезбеди бесплатна психолошка поддршка за децата кои имаат страв од куче.

Психолошката поддршка ќе ја спроведуваат искусни професионалци од областа на менталното здравје.

Заинтересираните родители може да аплицираат за добивање поддршка на prijavi@lajka.com.mk.

Овие бесплатни сесии се наменети за деца до 18 години кои ќе добијат 3 бесплатни сесии.

Спроведувањето на сесиите ќе започне во мај месец 2022 година.

Овој проект е поддржан од Град Скопје.