ЈП „Комунална хигиена“ ќе набавува мобилни контејнери

ЈП „Комунална хигиена ќе набавува нови мобилни возила-контејнери со кои ќе се собира кабаст отпад. Крупен отпад, делови од мебел, бела техника, апарати за домаќинства, граѓаните го оставаат пред своите домови во однапред утврден термин за потоа да биде отстранет од екипите кои поминуваат со специјални возила.

Акциите за собирање на ваков вид отпад се случуваат релативно ретко, па Јавното претпријатие  собира огромни количества на кабаст отпад. За таа цел, донесена е одлука да се набават четри нови мобилни контејнери кои почесто би поминувале низ населбите. Со нивна набавка, граѓаните ќе можат да пријават дека имаат кабаст отпад кој треба да се отстрани, со што полесно ќе се ослободат од него. Досегашната пракса функционира добро, но на многумина не им одговара во точно одреден ден и време да ја извршуваат оваа обврска.

Наскоро ќе биде распишан тендер за набавка на 4 вакви возила, откако еден веќе беше поништен од страна на државата. Надлежните појаснија дека новите возила ќе имаат одделни делови за селектирање на отпадот. Па така, секој од нив ќе има дел во кој се одложуваат делови од електронски апарати, батерии, акумулатори, дел за бела техника, дел за дрво или мебел и сл.

Со набавката на овие возила, ќе се намали концентрацијата на ваков вид на отпад, кој е достап роблематичен. Се очекува да се намали и градежниот отпад, бидејќи пракса е луѓето да го третираат исто како кабастиот отпад иако не спаѓаат во иста категорија.

new nike air max 2019