ЈП „Комунална хигиена“ апелира да престане палењето и уништувањето на контејнерите во градот

Во месеците јануари и февруари 2019, од страна на непознати лица се опожарени вкупно 40 контејнери на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.

Вкупно 40 контејнери наменети за собирање на комуналниот отпад во текот на изминатите два месеца беа опожарени и целосно уништени.

Покрај финансиската штета што му е нанесена на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, овие инциденти доведуваат до големи проблеми при одлагањето и собирањето на комуналниот отпад во градот.

Апелираме да престане уништувањето на опремата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, за нашите екипи да можат навремено да ги извршуваат своите работни обврски, согласно Оперативната програма за работа.

Сите случаи на опожарување на контејнерите се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите.