ЈП Градски паркинг- Скопје со акции за чистење снег на повеќе фрекфентни паркинг-локации во Скопје

Откако деновиве се спроведоа повеќе акции за чистење на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје, со цел одржување на хигиената, оттаму известуваат дека денес се спроведе акција за расчистување на снегот од истите.

Имено, ЈП Градски паркинг- Скопје во координација со Зимската служба на Град Скопје одредија и договорија мерки и активности што треба да се преземат за да се овозможи безбеден и непречен пристап до паркиралиштата на претпријатието.

Во акцијата за чистење вклучени се вработени во претпријатието и механизација со која располага ЈП Градски паркинг- Скопје, т.е. комбинирана машина за чистење снегтуркач и соларка, рачни лопати и мал кипер Ивеко за расфрлање сол на критични точки.

Чистењето се спроведе на следните локации:

- паркинг зони: А01, А3, А4, А05, А06, А8, Б7

- паркиралишта: Нова Македонија, АМСМ, Народен Фронт, Треска, Зоил, Тутунски Комбинат, Клинички Центар Мајка Тереза

 -пристапните површини до Катна гаража Беко, Катна Гаража 26ти Јули, дирекција, кол центрите во Центар, Аеродром и Илинден.

На сите наведени површини се исчистија влезно- излезните пристапи, пристапните патеки до паркинг местата и слободните паркинг места.

Активностите за расчистување на снегот ќе продолжат и во текот на денот и наредните денови во зависност од потребите. Апелираме до возачите да возат внимателно со прилагодена брзина кон условите на коловозот, велат од ЈП „Градски паркинг - Скопје“.