ЈП „Градски паркинг“ – Скопје следната среда организира крводарителска акција

ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, организира крводарителска акција под мотото „Даруваме крв – спасуваме живот“.

Крводарителската акција, ќе се одржи на 1 јуни 2022 година (среда) со почеток во 8:30 часот во просториите на главната дирекција на ЈП „Градски паркинг“ – Скопје (во зградата на Лотарија на Македонија).

-Оваа акција е со цел да се помогне на луѓето на кои им е потребна крв, за да останат во живот, бидејќи потребата од крв е универзална. Освен ова, упатуваме апел дека вакви акции треба често да се организираат, како од јавните претпријатија така и од приватните фирми. Вработените во ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, на чело со највисокото раководство, први се приклучуваат на овој солидарен чин, со идеја да прерасне во традиција на претпријатието, велат од претпријатието. 

Оттаму упатија апел до сите граѓани, коишто се во можност и со желба за дарување на крв, со цел спасување нечиј живот, да се пријават до 31 мај 2022 година на следните контакти:

Тел: 070/696-589

Е-пошта: v.trajkova@gradskiparking.com.mk