ЈП „Градски паркинг“ – Скопје: Од 1 октомври почнува зимското сметање на работното време

Од 1 октомври 2021 започнува зимското сметање на рaботното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.

– Рабоното време во зоните ќе биде: Зона А, Б и Ц од понеделник до петок од 7:00 до 21:00 часот, сабота од 7:00 до 14:00 часот.  Зона Д – од понеделник до сабота од 7:00 до 23:00 и  за зоните Д62, Ц80 и Ц81 од понеделник до петок од 7:00 до 21:00. соопштија од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје.