Од ЈП Градски паркинг ги информираат корисниците дека од утре, 1.10.2022, започнува да се применува ново работно време на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП ,,Градски паркинг"- Скопје.
Работното време ќе биде:
Зоните А, Б и Ц:
од понеделник- петок од 07:00- 21:00,
во сабота од 07:00- 14:00
Зона Д:
од понеделник- сабота од 07:00- 23:00
- Апелираме до нашите корисници да го почитуваат работното време на зонските паркиралишта и навремено да ја регулираат услуга паркирање, велат од претпријатието.